Ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор нема забрана за приватни ентитети кои не се финансираат од државата за нивни активности во странство, да го имаат името „Македонија“ во својот назив, изјави за „Слободен печат“ поранешната министерка за правда Рената Тренеска- Десковска.

Ова е сосема спротивно на она што го прави нејзиниот наследник, актуелниот министр за правда, Бојан Маричиќ.

Додека била министер за правда, Дескоска вели дека одобрила десетици барања за користење на името „Македонија“, „Македонци“, „македонски“, за институции што не се финансирани од буџетот.

„Додека јас бев министер, беа одобрувани сите барања со употреба на овие термини. Од позвучните имиња што во мое време добија дозвола за користење на името Македонија е фирмата „А1 Македонија“ која е ребрендиран „ВИП“. Нема забрана ниту во јавните изјави на граѓаните да се користи терминот „Македонија“, „Македонци“, „македонско“. Името „Cеверна Македонија“ е обврска при официјална комуникација – вели Тренеска-Десковска за Слободен печат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.