Премиерот во заминување вечерва отвори дилема дали активно воено лице како кандидатот за МВР на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки може да биде дел од владата.

На ова преку фејсбук статус коментираше и министерката Дескоска споделувајки го членот 97 напиша:

“Покрај толку советници од Правен, да пуштиш противуставен предлог?!”.

Министерката за правда Рената Дескоска која е и професор на правниот факултет во изјава за Сител вели дека уставот е јасен и предвидува дека не може униформирано лице да биде министер во МВР и МО до три години по извршувањето на позицијата.

Уставот е јасен, лицето кое ќе раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот. Ако некој е униформирано лице во армијата – јасно е дека не може да биде министер во овие две министерства. Исто и за полиција. Во членот 2 од Законот за полиција се прави разлика меѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата. Значи, униформираните вработени во МВР не можат да бидат избирани за министри во овие две министерства. Другите кои не се униформирани лица, а се вреботени во МВР имаат статус на цивилни лица. Исто и во одбрана – има вработени цивилни лица и униформирани лица, вели Дескоска за Сител.

 

Оттука се поставува прашањето дали Дескоска призна дека во Владата има противуставни функционери?

Нејзината влада цели 30 месеци го крши уставот со заменикот министер за одбрана Беким Максути кој на позицијата заменик министер дошол од воена функција во одбраната.

Предходно Максути бил и дел од единицата “Ренџери”.

Досега никој во владата не покренал постапка за менување на Максути кој бил противуставно избран во 2016 и се уште е заменик министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.