Делот за класифицирани информации не е во надлежност на Министерството за правда, рече денеска министерката Рената Дескоска во одговор на новинарско прашање во врска со пронајдените документи со класифицирана содржина во домот на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски.

Делот што се однесува на класифицираните информации или документи не е во делот на Министерството за правда, тоа е материја што ја уредува Министерството за внатрешни работи, така што утре ќе продолжат министрите за внатрешни работи, тоа прашање ќе можете да го поставите“, рече министерката Дескоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.