Рената Десковска, поранешната министерка за правда во владата на СДСМ, објави дека не сака да носи заштитна маска и откри дека на владините седници постојано се спротивставувала на воведувањето на полициски час.

Десковска вели дека на владините седници уште кога таа била член на Владата се размислувало за задолжително носење на маска на отворено, на што таа се спротивставувала.

Не сакам да носам маска, но го почитувам законот и НОСАМ МАСКА. Додека бев дел од Владата постојано се спротивставував на воведувањето на полициски час и на носењето маска на отворено. Бројките на заболени тогаш, не беа како што се сега. Сега ситуацијата е многу посериозна и препораките треба да ги следиме заради личното здравје и колективното добро! Затоа НОСАМ МАСКА!“, напиша Дескоска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.