Воведовме вонредна состојба за поефикасно да се справиме со коронавирусот, но и да се помогне за подобрување на економскиот живот, вака министерката за правда Рената Десковска ја објасни одлуката на Владата, која вчера беше испратена до Собранието, а која потоа беше одобрена од претседателот Стево Пендаровски. Таа посочи дека ограничувањето на граѓаните ќе се воведе ако тоа е потребно, но такви одлуки нема да има ако сите се придржуваат до досега донесените мерки.

Нашата заедничка заложба како Влада е ограничувањето на правата да биде минимално и само кога тоа е нужно. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките кои се дадени, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза и нема да има потреба од ограничување на правата на граѓаните. Затоа апелирам совесно да ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата, за да нема потерба од воведување на построги ограничувања. Од нас зависи колку ќе се користат мерките за ограничувања кои и се на располагање на Владата, кажа Десковска.

Одлуката за вонредна состојба трае 30 дена и нема да биде продолжена ако епидемијата се смири, но ако продолжи, останува можноста да биде донесена и одлука за продолжување на ваквата состојба.

Поминавме една ноќ во вонредна состојба. Ситуацијата ноќва во однос на она што граѓаните можеа да го прават и не смееа да го прават не беше ништо поразлично од она што беше воведено во претходните денови. Она што е различно од вчера е можноста на Владата со прогласување на вонредна состојба, а тоа е да носи уредби со законска сила. Ниту вчера ниту денес никој нема дилеми дека настапија околностите од членот 125 од Уставот за прогласување на вонредна состојба, рече Десковска.

Ограничувањето на човековите права не може да биде со нечовечко постапување и казнување, кажа Десковска и додаде дека не смее да има дискриминаторско ограничување по основ на пол, раса, боја на кожа, вера, јазик, националност, имотна положба.

Самата вонредна состојба не значи автоматска промена или ограничување на човековите права или начинот на живот на граѓаните. Ниедно ограничување на слбоодите и правата не смее да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, нациоален основ, имотна поможба. Во услови на вонредна состојба, ограничувањето на човековите права не смее да се однесува ниту во однос на правото на живот, ниту на забраната за мачење, ниту во правата одреденост на казнливите дела и казните, ниту во слободата на уверување, јавно изразување на мисла, вероисповсест. Не смее да има ниту нечовечко постапување и казнување, потенцираше таа.

Во сила остануваат мерите кои досега ги донесе Владата, а министерката побара истите да се почитуваат.

Самото прогласување на вонредна состојба, не значи полициски час, забрана за движење, затворање на маркети и слично, заклучи Десковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.