Венецијанската комисија на својата интернет страница објави дека министерката за правда Рената Дескоска е нов член од Македонија. И Дескоска побрза да се пофали дека комисијата ја прифатила нејзината номинација.

Но дали е така како што претставува министерката?

Државата го  предлага канидатот преку министерството за правда, а Венецијанска само го прифаќа понуденото решение или номинација, без да приговара за истото. Во случајов Дескоска ја предложила Дескоска за нов член и се фали дека Комисијата тоа го прифатила.

Поконкретно, Дескоска како министер за правда беше предложена од своето министерство, т.е. се самопредложи за нешто што знаеше дека само ќе биде констатирано, а не и разгледувано.

Останува да се види дали за овој случај ќе се заинтересира Антикорупциската комисија?

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.