Во емисијата „Само вистина“ вечерва министерката Рената Дескоска на прашањето дали таа или некој од власта има влијание врз обвинителката Вилма Русковска рече дека таа лично нема, но не може да гарантира за некој друг.

Јас лично не, не верувам, не можам да коментирам за други, изјави Дескоска.

На оваа изјава на министерката, новинарот Гоце Михајловски го посочи случајот со ослободувањето од притвор во случајот „27-ми април“ на пратеникот Крсто Мукоски кој само неколку часа подоцна гласаше за промена на името, а токму Русковска го водеше.

Случајот со уставните измени е случај, ситуација каде што видовме дека се правеше амнестија на дел од лицата кои учествувале на некој начин ама не насилно. Случај кој што јас лично како министер, како човек како професор можам да кажам дека стави голем товар на системот на правдата. На сите ни е јасно, тука сакам да бидам искрена и отворена дека тој закон за амнестија кој што беше донесен во тоа време и чекорите кои се превземаа, беа чекори насочени кон уставните амандмани, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.