Поранешната министерка за правда Рената Дескоска го нарече Уставниот суд најслабата алка за време на вонредната состојба предизвикана од корона кризата.

 

При постоење на скромна уставна рамка, без закон за вонредна состојба, Владата успешно се соочуваше и со здравствените и со правните предизвици во тој период.
За жал, од стручен аспект, Уставниот суд беше најслабата алка во решавање на правните прашања поврзани со вонредната состојба и направи конфузија по три прашања:

– Каков е карактерот на уредбите со законска сила?
– Колкаво може да е важењето на уредбите со законска сила?
– Кои човекови права може да бидат ограничени за време на вонредна состојба?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.