Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес – конференција меѓу другото истакна и дека односот на министерката за правда, Рената Дескоска, е основната пречка што преговорите за Законот за јавно обвинителство не се завршени. Тој подвлече дека ВМРО – ДПМНЕ се залага за правда, а Дескоска за политички договор.

Жалам што министерката за правда на моменти се прерава во министерка за неправда. Толкав гнев кон ВМРО-ДПМНЕ јас не сум сретнал. Таа во секој поглед гледа да ги минира преговорите. Таа е основната пречка е што тие преговори не завршија. Нашата позиција е јасна а тоа е правда и правдина без разлика на политичката припадност. Тој што се огрешил пред законите, тој треба да сноси одговорнсот низ фер судски процес.

Позицијата на Дескоска е политичка и има за цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не можеме да ги доближиме преговорите. Политички договор за правно прашње ќе донесе куферчиња, рекетирање и слично. Доколку постои намера за договор, тој ќе беше најден до овој момент. Ние преговараме со факти и аргументи, потенцираше Мицкоски.

Ќе оставиме простор за преговорите да течат. Истовремено се преговара и за законите за кои ВМРО-ДПМНЕ имаше поинакви мислења од СДСМ. Планот Б е правно погрешен и тој може да направи услуга на неправдата, дополни тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.