Mинистерката за правда Рената Дескоска, реагираше што пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Комисијата за европски прашања денеска пушти аудиоснимка на која се слуша како извесен З.З. ѝ помагал на телевизијата 1ТВ, чиј неформален сопственик беше обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски.

Комисијата за европски прашања не е местото каде што треба да се пуштаат разговори. Има институции, па ако Милошоски си верува самиот себеси на тоа што го пушти, слободно нека го достави до институциите. Како доаѓа времето за изгласување на Законот за Јавно обвинителство, така повеќе се гледа стравот кај опозицијата, со која цела година преговаравме, а не постигнавме договор, рече Дескоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.