Десетина закони досега се обележани со европско знаме во дневниот ред за новата собраниска седница, прва по летните одмори на пратеницире, што треба да почне во вторник.

Во агендата за оваа седница засега има 43 закони, од кои речиси една четвртина би требало да се носат како дел од европските директиви. Собранието, во почетокот на новата седница, треба да го утрди конечниот дневен ред, а во меѓувреме опозицијата најави блокада на работата на парламентот доколку, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ продолжи злоупотребата на европското знаменце за донесување на одредени закони што би можеле да се донесат и во редовна постапка.

Според дневниот ред што денеска е достапен на сајтот на Собранието, со европско знаме се обележани неколку закони за управување со отпад: Дополнет предлог- закон за управување со отпадот, во второ читање; Дополнет предлог- закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, второ читање, Дополнет предлог-закон за управување со пакување и отпад од пакување, второ читање; Дополнет предлог-а закон за управување со дополнителни текови на отпад, второ читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.