Десет лица починаа во последните 24 часа, а регистрирани се 428 случаи на ковид-19 од направени 1.853 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив еден пациент е починат надвор од болница, останатите 9 се починати во болница.

Новите случаи се во Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.