Утрово на Клиниката за инфективни болсети се примени десет пациенти, хоспитализирани се вкупо 70 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика, другите се со среднотешка клиничка слика. Во ГОБ „8-ми Септември“ синоќа се примени 4 лица за коишто се чекаат резулати и четири лица се на машина за дишење. Во Штип се хоспитализирани 4 лица кои се во стабилна состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфренција.

Тој рече дека во изминативе 24 часа регистрирани се 15 нови пациенти кои се заразни со коронавирусот, тие се со лесна клиничка слика, со ова бројката за заразени на целата територија на земјава изнесува 570 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.