СДСМ ги остави лекарите и целокупниот медицински персонал голораки во ек на пандемија од заразен вирус – обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Заштитна опрема нема. Доказ за тоа е и фактот дека над 10 отсто од заразените или над 80 лица се лекари. Доколку имале соодветна заштитна опрема, тие нема да биле заразени. Недостасуваат скафандери, визири, заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција – истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ предложи да се обезбеди заштитна опрема за болниците ширум државата, преку формирање на фонд од 10 милиони евра за производство во македонските текстилни фабрики, мерка со која ќе се обезбеди плата за вработените во текстиланата  индустрија, но и ќе се обезбедат висококвалитетни заштитни материјали.

Очигледно СДСМ не може да излезе од матрицата на суетност и надменост и затоа и овој предлог го игнорира на штета на лекарите, медицинските лица, текстилната индустрија и нивните вработени – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.