Безмалку една година во Охрид не работи Детското одделение поради недостиг на педијатри. Револтирани се охриѓани, но и туриститешто во ноќните часови, во викендите и празниците, болните дечиња на преглед или за хоспитализација се принудени да ги носат до Струга.

Новиот директор на Охридската болница Асен Шајн за Телма кусо вели дека се бара решение.

Во болницата има само двајца педијатри, а на испомош се испратени двајца специјализанти, но тие не смеат да дежураат, па работи само детската  амбуланта  во две смени од 8 до 20 часот.  И од Министерството за здравство немаат конкретен одговор, велат  дека се бара начин за надминување на предизвикот.

Најголемиот туристички центар  во земјава, остана без болничко лекување за најмладите пациенти лани во ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.