Шефот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, во програмата на „Отворено студио“ синоќа рече дека доколку Движењето БЕСА одлучи да коалицира со СДСМ, тогаш сите права како втора опозициска партија од претходните избори ќе им припаѓаат на Алијанса за Албанците.

Според Деркоски, во таква ситуација Алијансата ги добив со членовите на општинските комисии и избирачките одбори кои досега припаѓале на Движењето БЕСА, медиумскиот простор на партијата за предизборно рекламирање и буџетот распределен од ДИК за медиумската кампања на партиите.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами вчера попладне имаа лидерска средба. Двајцата лидери, според информации од партиите, разговараат за евентуален заеднички настап на предвремените избори закажани за 12-ти април што би бил прва „македонско-албанска“ предизборна коалиција во историјата. СДСМ и БЕСА во моментов не откриваат повеќе детали, но неофицијално двајцата лидери начелно договориле предизборна соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.