Невладината Цивил медија на Џабир Дерала испрати демант и барање за извинување за текст што сме го објавиле на на 20.10.2019 година. Со оглед на тоа што текстот е поткрепен со принтскрин, фотографија и линкови од постари вести, не сфаќаме ниту што демантира Цивил ниту за што треба да се извиниме.

Интересно е дека 16 дена пред Цивил да испрати барање за демант во Република, партијата која е засегната во текстот „Христијан Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев“ го демантираше текстот и го нарече лажна вест.

Барање за извинување и објавување на демант

Невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода во целост ги демантира изнесените невистини во објавениот текст на Република online, на ден 20.10.2019 година, под наслов „Паниката на Заев небулози раѓа: Провладин медиум ексклузивно со лажни вести од лидерската“, во контекст на изнесените наводи за:

– „Неверојатна „вистина“ што ексклузивно ја дознава невладината Цивил медија на активистот Џабир Дерала…“, како и за

– „Дерала, кому не му е прв пат да пласира лажни вести во корист на СДСМ и Зоран Заев …“.

Со објавување на ваквите наводи и невистинити тврдења за пласирање на лажни вести од страна на Цивил Медиа и Џабир Дерала, се нанесува штета на угледот на невладината ЦИВИЛ и на Џабир Дерала, кои заради својата повеќегодишна професионална работа во граѓанскиот сектор, несомнено уживаат поддршка и углед од во домашната и меѓународната јавност.

Во интерес на вистината и објективното информирање, имајќи го во предвид угледот и реномето на невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода и нејзината организациона единица ЦИВИЛ МЕДИА, а со цел да се спречат последиците на, од Ваша страна, искажаните и објавени невистини, во објавениот текст на Република online, на ден 20.10.2019 година, под наслов „Паниката на Заев небулози раѓа: Провладин медиум ексклузивно со лажни вести од лидерската“, барамеведнаш, а најдоцна во рок од 2 (два) дена од денот на приемот на ова барање, да се извините и Вашето извинување, како и овој демант, да го објавите на Вашата веб страна –Република onlineна ист начин и во ист обем како што беше објавен текстот под наслов „Паниката на Заев небулози раѓа: Провладин медиум ексклузивно со лажни вести од лидерската“.

Бидејќи не знаеме што барате, ви нудиме факти

Овој принтскрин е доказ дека во текстот навистина пишува дека дознаваат „неколку ексклузивни детали“, кои беа истиот ден демантирани и од ВМРО-ДПМНЕ.

A oд овој принтскрин, пак, дека веста е потпишана со иницијали Џ.Д., со кои од импресумот на Цивил медиа се издвојува само Џабир Дерала.

Дека на Дерала не му е првпат „да пласира лажни вести во корист на СДСМ и Зоран Заев“, поткрепено е во самата вест, со фотографија и со текст, кој во 2016 година, кога е објавен, Дерала не го демантирал. Но, затоа неговите пишувања ги демантирал тогашниот порпарол на СВР Тетово.

 

„Цивил“ на Дерала и медиумите финансирани од Сорос и УСАИД се обидуваа да предизвикаат тензии во Теарце на изборите во 2016 година објавувајќи лажна информација за наводно апсење на поткупувач, која кратко потоа беше демантирана од портпаролот на СВР Тетово, кој потврди дека се работи за лажна пријава без елементи за кривичен прогон

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.