Посрамотувањето на Зоран Заев, кој наседна на двајцата руски шегаџии и интензитетот со кој неговата Влада ги прогонува членовите на опозицијата, па дури апси и американски граѓани, ми кажуваат дека деновите на неговата Влада се одбројани. Македонците, вклучително и членовите на таканаречената Шарена револуција, кои му помогнаа да дојде на власт, се се погласни во својот гнев по честите гафови на Заев, сеприсатната корупција и непотизмот на неговата Влада, немањето реформи, губењето на датата за преговори со ЕУ и отсуството на напредок во економијата, пишува поранешниот македонски почесен конзул во Аризона, Џејсон Мико за Свест.мк.

Меѓународната, особено западните политичари и неизбрани бирократи кои му помогнаа да дојде на власт, го гледаат сето ова и исто така заклучуваат дека Заев веќе станува проблем. Американскиот Стејт Департмент, водачите на НАТО и тамошните бирократи ја постигнаа својата цел – Македонија е (безмалку) членка на НАТО; на нив не им е грижа дали Македонија ќе влезе и во Европската Унија, и знаат дека тоа секако нема да се случи во нивниот мандат. За нив, соработката со Заев е завршена.

Претставниците на ЕУ, пак, се исто така посрамени од неговото недоветно однесување и неспособноста да спроведе сериозни реформи (како и од неговата постојана корупција и непотизам) и се се повеќе убедени дека најдобар потег ќе им биде да му ускратат поддршка. Али Ахмети и ДУИ исто така се се повеќе убедени дека ги држат сите лостови на власта во Македонија, и дека не мора веќе да го слушаат Заев, односно и тие можат да го откачат, пишува Мико.

На Заев му следува сурово будење, при што конечно ќе разбере што мислел Лорд Палмерстон кога рекол (парафразирано) дека „во меѓународните односи не постојат вечни пријателства или вечни непријатели, туку само вечни интереси“. Заев ја одигра својата улога – сега може да биде тргнат. Признавам, Заев е можеби премногу неук за да го сфати ова, а можеби е и блажено несвесен, и мисли (како во случајот со Вован и Лексус) дека има вистински пријатели во меѓународната заедница кои навистина го сакаат (штом Балкан Инсајт, кој служи како гласноговорник на Заев, почна да пишува за неговата глупост, знаеме дека крајот е блиску).

Но, со текот на времето на Заев ќе му текне; веројатно кога веќе нема да биде на власт. Неговото злодело е што, мислејќи дека навистина има пријатели во меѓународната заедница, тој ги распродаде македонските национални интереси, името, идентитетот, наследството, културата, историјата и многу многу друго. Ќе биде потребно време да се надомести штетата која што ја предизвика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.