Точно три години поминаа од првиот притвор одреден за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Јанакиески, на кого му се суди во повеќе предмети, неколкупати беше спроведуван во Шутка, а потоа враќан во домашен притвор.

Предметот за кој првично беше назначен притвор, „Шпански скали“ чекаше свој ред две години, за на крај повторно да биде вратен од почеток.

Во овие три години, Јанакиески проживеа секакви судски преседани и траги-комични ситуации. За него се закажуваат и по неколку рочишта на ден, честопати од едно влегува во друго судење, па го враќаат во првата судница, не го оставале да оди до тоалет, да седне и да јаде. Полиција доаѓаше кај семејството да го бара дома, иако тој беше во притворот во Шутка, две недели штрајкуваше и со глад, беше нападнат.

Неодамна, доби нов притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.