Вечерва на твитер профилот на министерот за здравство, Венко Филипче се појави фотографија од група членови на ВМРО-ДПМНЕ, со обвинување дека во период кога докторите се борат да постигнат во борбата со Ковид-19, опозицијата прави групни собирања.

Неколку часа подоцна овој твит беше избришан. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пак, објави дека се работи за спин, со фотографија од минатата година.

Министре, батали спинови со фотографии од 2019 година. Наќе веќе не е министер. Смртноста од Ковид е меѓу највисоките во Европа. Кој е крив?! -напиша Милошоски на својот профил на Твитер.


Министре, батали спинови со фотографии од 2019та. Наќе веќе не е министер. Смртноста од Ковид е меѓу највисоките во Европа. Кој е крив??

Се огласи и ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. И оттаму тврдат дека се работи за фотографија од 2019 година. Денеска ја објавиле по изборот на нов претседател, но министерот за здравство ја злоупотреби фотографијата за ширење лажни вести.


Тие обвинуваат дека ваквиот потег на Филипче е обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалното интервју на премиерот Зоран Заев, дадено за бугарската БГНЕС.

Пропагандата го “пери”предавството на Заев!
Слика од 2019 ја злоупотребуваат и манипулираат.
Господине Министер за смрт Филипче, на 56.000 заболени од Covid 19, повеќе од 1500 починати ти најде време да ми чепкаш по профил и да споделуваш мои стари фотографии???
Дно! – коментираат тие.

Реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ.

Благодариме на пиар тимот на Филипче што ни даде можност да реагираме на неговото ширење на важни вести. Сликата која ја објави на Твитер каде посочува дека членови на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваат мерките препорачани за заштита од корона пандемијата е од 2019 година далеку пред почетокот на пандемијата со корона.Знаеме дека Филипче е научен да лаже, но не знаевме дека кај него лажењето прераснало во болест. Доколку не ја повлече објавата ќе заработи кривична пријава за ширење на лажни и измама. Наместо да биде војаер на Фејсбук нека си ја работи работата за што е платен, бидејќи само денес починаа 39 лица поради неговата неспособност. Со цел да го покрие срамот на Заев се обиде да шири лажни вести. Но, ваква брука каква што Заев денес направи не ја покрива ниту една лажна вест на Филипче, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.