На самиот истек на притворот за Шпански скали на Миле Јанакиески денеска му определен 30-дневен куќен притвор за случајот ТНТ. За овој случај Јанакиески досега не бил во притвор.

Јанакиески, кој е обвинет во повеќе случаи на СЈО, е во притвор повеќе од две и пол години. Досега три-четири пати беше спроведуван во Шутка.

Притворањето на Јанакиески стана синоним за прикривање на глупостите и пропустите на власта и обвинителството. Јанакески беше притворен и по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а јавноста очекуваше и по бесгтвото на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков Јанакиески да добие притвор. Тоа се случи.

И не е шега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.