Советот на јавни обвинители денеска ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментов е во притвор за предметот „Рекет“ .

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, на седницата која завчера траеше речиси осум часа, изјави дека не донеле одлука и продолжуваат денеска во 10 часот.

Советот работеше на разгледување на списите од предметот. Се работи за обемен предмет, за обемни списи, има многу прибавени докази, многу транскрипти, изјави Штерјев пред новинарите.

Сите списи требало да ги прочитаат и разгледаат членовите на Советот, рече претседателот на ова тело.

Тој појасни дека одлуката, каква и да е, треба да биде добро образложена.

Поради разрешувањето на Јенава, поместена е точката за избор на заменик на Штерјев на позицијата претседател на Советот на јавните обвинители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.