Денеска ќе биде разрешена директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска, потврди министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој рече дека има таква можност и на тоа му укажала ретседателката на Комисијата за спречување на корупцијата.

Филипче рече и дека денеска ќе биде назначен вршител на должност директор на оваа клиника.

Денеска од Лекарската комора изјавија дека директорката на Клиниката за кожни болести која била во Италија, а не ги почитувала препораките за самоизолација и доаѓала на работа, засега може да добие само јавна опомена за која утре ќе одлучува етичката комисија на Комората.

Опција за одземање на лиценцата, како што велат од Комората, засега нема бидејќи нема судска одлука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.