Шефовите на држави и влади на ЕУ и на земјите од западен Балкан денеска ќе одржат видео самит на кој главна тема ќе биде помошта за кризата со коронавирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Овој самит во Загреб нема да се фокусира на проширувањето кон регионот, објаснија европските дипломати денеска, делумно поради санитарната криза, а делумно и поради тоа што проширувањето се третира во рамките на Советот за општи работи на ЕУ.

-ЕУ е најважниот партнер за регионот на западниот Балкан и оваа видеоконференција ќе го нагласи значењето на уникатните односи ЕУ – Западен Балкан, најави Советот на ЕУ.

Критики за јавија меѓутоа и поради фактот што овој самит нема да се фокусира на проширувањето, а загрепската декларација која треба да ја потпишат сите лидери утре не го споменува зборот проширување, ниту членство или пак преговори со Македонија и Албанија.

Од ЕУ ги отфрлаат овие критики.

-Утре идејата е да се потврди уште еднаш ЕУ перспективата на регионот, ние тоа го правиме со нашите партнери. Фактот што имаше одлука за Македонија на 26 март јасно покажува дека ЕУ перспективата е главен поттик за реформите кои се од бенефит за сите граѓани, покажавме дека испорачуваме кога нашите партнери испорачуваат. Не разговараме за проширувањето, од една страна затоа што Ковид-19 е главна тема, но тоа не значи дека процесот се прекинал, процесот ќе продолжи на следната средба на Советот за општи работи во јуни, и ќе напредува, сметавме дека има специфична тема на која треба да се фокусираме, изјави висок ЕУ дипломат инволвиран во подготовката на самитот.

Во параграфот 9 на спорната декалрација ЕУ ја повикува Македонија целосно да го имплементра договорот со Бугарија, во како што нагласуваат, „добра волја и опипливи резултати“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.