Денеска почнува последната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа. На седница на Собранието на Македонија ќе има четири точки на дневниот ред: утврдување на предлог амандманите на Уставот, донесување на амандманите, прогласување на Амандманите и на предлог-уставниот закон за нивно спроведување.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го бојкотира гласањето. Според некои наводи владата го имала потребното двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.