Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и првиот етнички Албанец – кандидат за премиер Насер Зибери одржаа собир кај Камениот мост во Скопје.

Ахмети истакна дека чекор по чекор се прават големите дела и дека секогаш од нивна страна се претставени филозофии и добри и корисни идеи, како за Албанците, така и за сите граѓани кои живеат во Северна Македонија.

Придонесовме за многу важни случувања за земјата, како што е спроведувањето на Охридскиот договор, кој не беше корисен само за Албанците, туку и за другите заедници во земјата. Со нашето жртвување најмногу добија нашите сограѓани Македонци, бидејќи ние на земјата ѝ обезбедивме интегритет и суверенитет, признавање и зајакнување на пријателството со меѓународната заедница. Тоа што беше широко познато како голем проблем на ова земја беше прашањето за името кое резултираше со Преспанскиот договор, кој ја построи ова земја и ја направи еднаква помеѓу еднаквите, истакна Ахмети.

Според него, македонските политичари се хомогенизираат само за идниот премиер да не биде Албанец.

Од ова место, не далеку од тука, Скендербег не гледа. Пред 100 години преку овој мост имаат поминато Хасан Приштина и Иса Болетини кои никогаш не ги негираа и другите нации кои живееле на овие подрачја. Имало соработка на албанските патриоти со македонските движења. Треба да се прифати Гоце Делчев, бидејќи соработувал со албанските патриоти. Имам порака за новите политичари на ова земја кои прават хомогенизација за едно челично обединување само премиерот да не биде Албанец: нека се навратат во минатото и, ако имаат почит за Гоце Делчев, ќе видат дека тој има одржано говор пред Албанци со бела капа. Ако тие се потомци на Гоце Делчев, ова кандидатура требаше да ги направи среќни, нагласи Ахмети.

Тој рече дека кандидатурата за премиер Албанец не само што ќе ја зајакне стабилноста и безбедноста на земјата, туку ќе има и позитивно влијани ие врз економијата.

Ова кандидатура ќе ги зближи и нема да ги подели заедниците. Ова не го правиме за демагогија, времето покажа дека позициите министер за внатрешни работи, за одбрана, претседател на Собрание… беа раковидени од Албанци кои ја зајакнаа ова држава, кои извонредно ги водеа овие институции со одговорност. Со истата одговорност и премиерот Албанец ќе ја води државата и јас сум сигурен дека успешно ќе се соочуваме со сите предизвици. Многу природно и легитимно е да го достигнеме и врвот на државата. Денес ја бараме функцијата на премиерот, утре и на претседателот на државата, бидејќи ова е наша земја, наша држава и никој не може да ни ги негира овие права, рече Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.