Премиерот Зоран Заев денеска на Криволак се сретна со началникот на Генералштабот на Армијата на Грција, со кого, како што кажа, „разговараа за потенцијалите на пријателството кое се развива помеѓу Грција и Северна Македонија“.

Како потврда за нашиот придонес кон мирот е и скокот на нашата држава за 23 места на Глобалниот индекс на мирот, во споредба со лани, се пофали на „Фејсбук“ премиерот.

Вчера, пак, Заев присуствуваше на теренската вежба „Одлучен удар”, најголемата воена вежба која досега се одржала во нашата земја, со учество на АРМ, војските на САД, Црна Гора, Литванија, Бугарија и Албанија.

Но, самиот Зоран Заев освен за парадирање, никогаш не бил дел од македонската војска. Напротив, излажал за да ја избегне воената обврска.

За потсетување, како што обелодени Здружението на бранители БЕДЕМ во Струмица, во 2001 година, тогаш младиот Зоран Заев, со лекарско уверение се преправил дека е неспособен за одбрана на татковината.

Како млад војник веројатно не би бил пратен на бојното поле, но тогаш младиот кандидат за пратеник од СДСМ добива лекарски печат со дијагноза за неспособност за служење на воениот рок, кој во тоа време беше законска обврска за сите полнолетни и работноспособни граѓани на Република Македонија, откри БЕДЕМ во 2016 година.

Оттогаш поминаа 18 години, а Заев досега немал некаква влошена сериозна здравствена состојба, како што пишувало во лекарското уверение, кое што му било издадено со цел да го избегне служењето на законски задолжителниот воен рок.

Со кое лице денес Зоран Заев говори и ветува дека ќе се бори за нас бранителите и дека ќе ги застапува нашите интереси, бидејќи кога имал можност да го направи тоа и да ни се приклучи во нашата зааедничка борба за Македонија, тој кукавички избегал со помош на лажирано лекарско уверение. Крајно лицемерно е тоа што само неколку месеци подоцна, очигледно немајќи ги веќе наводните здравствени проблеми, Зоран Заев станува пратеник во Собранието на Република Македонија во 2002 година, кажаа тогаш од Здружението.

Само за потсетување, додаваат од БЕДЕМ, Заев за време на немилите настани во Куманово 2015 година, ден по загинувањето на осумте македонски бранители, насмеан се фотографираше со јатаците на лице место каде што нашите браќа ги положија своите животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.