Македонската историја учи дека оваа почва раѓала и луѓе од својот род кој тргнувале против својот народ. Македонија минувала низ тие историски катастрофи, и погроми. Сведоци бил овој народ на многу предавства, неправди, измачувања, отуѓувања и делби. Денес како одново да се поновува тоа време. Денес на Македонија и се случува Заев. И ова презиме станува персонификација на сите црнила кои се случуваат на оваа држава. Ова презиме станува синоним за целата сиромаштија, сите неправди, неуспеси, порази на оваа наша земја. Извор на сите проблеми, затоа што тој е човекот кој е судија, но и џелат на нашите македонски судбини. Но воедно ова е време кога овој народ излегува од бунило и кога мора самиот да им стави крај на сите злоупотреби кои буквално ја разнебитија нашата заедничка држава, нашата заедничка чест. Македонија се движи по таа црвена линија, помеѓу пропаста и очајот, или ќе се обединиме за да ја спасиме, или ќе се разделиме и распрснеме – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната 27. Годишна конференција на УМС.

Тој посочи дека сега народот почнува да се обединува и секој собир е се помасовен.

А се обединуваме и секој собир е поголем, пожесток, со енергија. ВМРО е разбудено, на нозе, меѓу своите, во својата природна средина народот. ВМРО ја носи и запали искрата која ќе ја донесе зората која ќе ги победи црнилата. Кога ќе не видат собрани и обединети ја гледаат сопствената немоќ и пораз, заедно со иние кои им седнале во скут. И стравот со кој тие сакаат да владеат почнува да биде нивен страв. И ќе успееме, ќе ги победиме. Сите заедно. Се смееа, не потценуваа, велеа Мицкоски не може, Мицковски нема сратегија. Еве нем година дена потоа, одиме до крајот и до конечна победа. Победа на претседателските избори, за победа на предвремени парламентарни избори. За Македонија, за нашата Македонија. И сосема на крај, морам да ви признаам нешто лично. Мојот син Јован ме прашува кога ќе дојдеш дома тато, постојано си некаде, по улиците, градовите, на ова лошо и студено време. Му одговорив, синко, ниту има студ, ниту мраз мраз кој со моите сопартијци го минуваме не е поголем од страдањето на македонскиот народ. Тоа го правиме за тебе, за твојата генерација и генерациите после тебе. Ќе се вратам кога ќе победиме, затоа што таа победа ќе биде триумф за Македонија! За секој еден граѓанин – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.