Во огласот на Јавното претпријатие за државни патишта распишан за привремени вработувања на работници за изградба на коридорите 8 и 10 има посебна ставка која обезбедува доста висока плата за кандидатот кој ќе му биде помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, односно на Артан Груби.

Огласот е на определено време до 22 јануари 2028 додина, а најдобриот кандидат во овие 5 години месечно ќе зема основна плата од 70.052 денари.

Критериумите што треба да го исполни помошникот на Груби се завршно високо образование од областа на инженерство и технологија или градежништво и да има најмалку шестгодишно искуство во струката. Одлично треба да го познава англискиот јазик и програмите за канцелариско работење. Треба да е државјанин на Македонија, да го користи активно македонскиот јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.