Никос Дендијас, новиот министер за надворешни работи на Грција од Владата на Киријакос Мицотакис, по самитот во Хелсинки на која ја оствари својата прва средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и на која се зборување за Преспанскиот договор, ги изнесе првите впечатоци, откривајќи дека немало меѓусебни покани за посети и дека неговата земја ќе „биде строг набљудувач кон соседот“.

Во интервјуто за грчкото радио „Алфа989“ рче дека ова му го разјаснил на Никола Димитров за време на нивната средба во Хелсинки, од кој добил потврда за намерите на владата во Скопје да се придржува кон договореното.

Сега треба Скопје, Северна Македонија да биде обврзана да го спроведе договорот. Забележувам обид да се спроведе. Забележувам и отпор од тамошниот државен механизам. За ова, ние нема да дозволиме варирања. Ова му го разјаснив на господинот Димитров. Морам да кажам дека ми потврди за намерите на владата на Северна Македонија да се придржува кон договорот каков што е, не постоеше контра одговор. За ова, имаше договор. Но, ова е нешто што го забележуваме и сакаме да го видиме. Нема да бидеме благонаклонети истражувачи, ќе бидеме прецизни набљудувачи, вели Дендијас.

Додаде дека Грција ќе ја поддржи Македонија во добивањето на Датумот за преговори со ЕУ во октомври, но само доколку земјата не варира со отстапки надвор од рамките на спогодбата од Преспа и наведе дека не биле разменети никакви меѓусебни покани со Димитров.

Ако, ако, ако, три пати велам ако, се придржуваат кон договореното, толкувано на строг начин. Покани во овие околности не беа упатени. Да не се лажеме со Скопје, со Северна Македонија, да се навикнеме на нивното ново име, поминавме долг период на сомнежи, разлики итн. Секако, да се обидеме да изградиме нов однос, но треба да се вложи капитал и од другата страна, ќе треба да видиме вложена добра волја и кредибилитет. Грција е тука да помогне. Ние сме европска земја на Балканот, не сме балканска земја во Европа. Ќе ја пренесеме европска перцепција и во нашите соседни земји. Но, треба и тие да ја делат оваа перцепција. Секако и Северна Македонија и Албанија сакаат да припаѓаат во Европа. Па така, еве една убава шанса да го сфатат европскиот модел и да го следат, а не да се влечат зад обиди да избегаат од она за кое што се согласиле, вели шефот на грчката дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.