Демократскиот сојуз смета дека Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.

Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство.

Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од македонскиот дел), да биде разрешена и изберат во истата историчари ,резистентни на политичко влијание“, се вели во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.