Државата е таа која е одговорна за безбедноста на осудените кои издржуваат затворска казна во казнено-поправните установи. Јавното обвинителство треба да спроведе истрага за лицата за кои постојат основани сомненија дека се инволвирани во нападот на Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. Ваква порака испрати Демократскиот сојуз преку соопштение.

Бараме да се преиспита работењето на Управата за извршување на кривични санкции, посебно од аспект на тоа осудените за тероризам на 40 години затворска казна да бидат сместени заедно со лица за кои се води истрага, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.

 

Од партијата порачаа дека директорот на затворот не може да води истрага за разјаснување на овие настани во затворот бидејќи постои судир на интереси. Истрагата, како што велат, треба да ја спроведе обвинителството, а комисијата формирана од министерот за правда треба да ја преиспита неговата работа, како и одговорноста на вработените во затворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.