Денес кандидатката за пратеник на СДС Љатифа Шиковска фатена на дело како врши поткуп на гласачи во Шуто Оризари.

Треба еднаш засекогаш да разберат дека со “делење” на пакети не се решава проблемот на Ромската зедница, на Ромската заедница како социјално најранлива и треба системски и институционални решенија, а не по едно пакетче на одредено време. СДС вети Живот но ништо од тоа, одкако дојдоа на власт животот на ромите е уништен. Покрај забраната за групирање, порастот на бројот на заболени и лажните ветувања од по 7000 денари за невработено семејство, они си го тераат своето. Од кај што не им ги решивте проблемите, ги лажете, се обидувате да ги манипулирате , барем немојте и здравјето да им го загрозите. Како што знаете на вас да си обезбедите заштитна опрема требаше и на граѓаните да им обезбедите, но по тоа се гледа дека на вас не ви е важно дали ќе го загрозите здравјето на граѓаните.

Фејсбук статус на Ерџан Демир, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.