Министерството за внатрешни работи упати демант на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во која членот на Извршниот комитет Орце Ѓорѓиевски обвини дека сопругата на Никола Дујовски е вработена пред неколку месеци во МВР и дека таткото на советникот за комуникации на Оливер Спасовски Никоца Петрушевски, Добрин, добил одобрение за станица за технички преглед.

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите што ги шири политичката партија ВМРО-ДПМНЕ . Согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед. Условите се пропишани со Законот за возила односно членовите 62,63,64,65 и 66. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија. МВР во сите случаи постапува согласно законите. Исто така не е точно дека некој има можност да влијае врз одлуките на стручните служби во министерството, стои во демантот.

Од МВР велат дека процесот на ветинг ќе покаже кој и како е вработен и тоа ќе и биде достапно на јавноста. Буквално секој вработен ќе биде подложен на ветинг и тогаш ќе се види кој е вработен на законит начин, а кој ќе мора да сноси одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.