Во врска со објавената вест „Возило на „ЕМС“ на Анѓушев се превртело на Галичица, МВР крие?”, од ЕМС ДОО Скопје испраќаат демант кој ви го пренесуваме во целост.

ЕМС ДОО Скопје ги отфрла ваквите наоди како невистинити и тенденциозни, со цел нарушување на угледот на компанијата и нејзините сопственици.

Во вчерашниот текст со наслов „Возило на „ЕМС“ на Анѓушев се превртело на Галичица, МВР крие?”, во Вашиот медиум објавена е информација за случена сообраќајна несреќа, каде се наведува дека ЕМС ДОО не ја информирала полицијата за случената несреќа.

ЕМС ДОО веднаш по случувањето на несреќата ја повика полицијата од СВР Охрид и беше утврдена фактичката состојба на самиот терен. Сакаме да ја информираме јавноста дека во незгодата нема повредени и дека истата се случи кога наш вработен ги вршел работни задачи. Вашиот текст е невистинит и тенденциозен, без притоа да се побара мислење од страна на ЕМС ДОО ниту од надлежните институции за коментар и за точно утврдување на состојбата, притоа доведувајќи ги читателите во заблуда користејќи го името на г. Кочо Анѓушев без никаква причина за тоа.

Бараме од вас како медиум целосно објавување на демантот во спротивно ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел заштита на угледот на компанијата и нејзините сопственици. Во иднина остануваме отворени за комуникација во однос на кое било отворено прашање.

Сепак, во дневните билтени на МВР, ниту оној објавен на 30.04, ниту тој од 01.05, ниту во денешниот, за случајот не е информирано од страна на министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.