СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев , една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина, велат од партијата.

Исто така, додаваат, не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.

На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда. СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти, велат во демантот од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.