На поранешниот премиер Никола Груевски нема да му се суди за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и Кичево -Охрид во случајот „Траекторија“ бидејќи делото му застари. Апсолутната застареност денеска ја констатираше Кривичниот суд.

Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше.

Во овој случај Груевски беше обвинет за делото „Примање награда за противзаконито влијание“ од чл.359 ст.2 од КЗ, за што е предвидена затворска казна од една до три години, поради што пак застарува за шест години, сметано од 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.