Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело на лидерот Христијан Мицкоски седнаа на заедничка маса со претседателот Стево Пендаровски.Повод за средбата е барањето на партијата шефот на државата да објасни според кој дел од Уставот го додели мандатот за формирање на Влада на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека тоа е противуставно и оти Пендаровски не се поставува како претседател на сите граѓани.

Уставот е јасен, потребен е доказ за поседување на мнозинство врз основа на кој се доделува мандатот. Се друго е кршење на Уставот-велат во Партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.