Ова е еден неуспешен обид за бегство, а големи се сомнежите и за договор, кој на момент малку застранува, но непријатностите се решаваат.
1. Два дена Мијалков е во бегство и наеднаш се појавува, а премиерот Зоран Заев на Фејсбук објавува дека „обезбеден е неговиот домашен притвор“. Од каде Заев знаеше дека е „обезбеден неговиот домашен притвор“, и дека во меѓувреме Апелација ја нема преиначено одлуката?
2. Заев точно знаел – да, повлечена била жалбата за затворски притвор за лице за кое е распишана меѓународна потерница и беше во бегство. Кој побогу повлекува жалба за затворски притвор за човек кој ти избегал?!
3. Власта предавањето на Мијалков го препишува како свој успех, иако Спасовски два дена молчеше.
4. Мијалков оди во куќен притвор, и тоа решението го подига во обвинителството, не во судот, оти така тој сакал. Голема е веројатноста и да остане во куќен притвор, па дури и по пресудата во петок.
5. Дека претходно се испазари со власта за седуммината пратеници, сите знаеме.
6. Дека лажете – по ликовите ви се познава.
7. Дека е пазар – од небо се гледа.
8. И да, секој кој има температура обавезно остава телефон дома и се повлекува под кебе без допир со јавноста, таков е протоколот за самоизолација, нели. Башка прележа Ковид пред 3 месеци, сигурно уште има и антитела.

Фејсбук статус на новинарката Мери Јордановска за наводното бегство на Сашо Мијалков и неговото појавување во обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.