Емануел Макрон ја држи Северна Македонија како заложник за присилно да го протурка својот сон за поблиска политичка интеграција меѓу земјите на ЕУ, пишува Телеграф.

Британскиот весник „ Дејли телеграф“ пишува дека дипломатите во Брисел го обвинуваат Емануел Макрон, кој себеси се портретира како жесток еврофил, оти ги блокирал преговорите меѓу Брисел и Скопје за Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ.

Брисел го користи морковот на членството во ЕУ за да ја убеди Северна Македонија да ги прифати контроверзните и широки реформи, вклучувајќи и менување на името на земјата за да му се стави крај на деценискиот горчлив спор со Грција.

Французите го намалија нашиот морков. Ова е шлаканица за Северна Македонија, која сè направи како што треба, вели извор од ЕУ.

Во јануари македонскиот парламент гласаше за промена на името на земјата од Поранешна Југословенска Република Македонија. Како резултат на тоа, Грција, која има свој сопствен регион наречен Македонија, престана да го блокира Скопје во приклучувањето кон ЕУ и НАТО.

На состанокот во вторникот во Луксембург Европската комисија беше бесна откако министрите за надворешни и европски министри на ЕУ ја одложија одлуката за отворање разговори за пристап со Северна Македонија и Албанија, вели Телеграф. Таа двапати препорача да почнат разговорите за пристапување.

Владите на ЕУ порано сигнализираа дека разговорите ќе почнат во јуни, што беше нашироко сфатено како ветување дека ќе се заложат за ова прашање откако ќе завршат европските избори во мај.

Дипломатите на ЕУ велат дека уште една причина за доцнењето во донесувањето на одлуката било тоа што на германскиот парламент му требало повеќе време за да ја поддржи одлуката за почнување разговори. Се очекува Бундестагот да го поддржи овој потег, велат дипломатите.

Вистинскиот проблем се чини дека е Франција. Нивниот став е нема веќе проширување ако прво не се спроведат реформите на ЕУ. Таа ги држи Северна Македонија и Албанија како заложници.

Ризикуваме воопшто да немаме веродостоен процес, рече во вторникот еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, „Недонесувањето одлука и неактивноста не се опција“.

Макрон побара заеднички буџет за еврозоната и министер за финансии за сите земји со единствена валута, меѓу другите мерки, како што се „транснационални европарламентарци“, кои би ја претставувале ЕУ, а не својата матична земја.

Портпаролот на француската влада рече: „Како што во неколку наврати посочи претседателот на Републиката, процесот на проширување мора прво да го земе предвид приоритетот за продлабочување на Европската Унија и нејзино подобро функционирање. Процесот на проширување се базира на критериумите и барањата, како и на заслугите на самите кандидати, без никаква претходно утврдена временска рамка“.

Дури и ако се почнат разговорите, сепак ќе поминат уште многу години пред Северна Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ, која размислува во проширувањето да вклучи неколку земји од Западен Балкан, вклучително и Србија и Црна Гора.

Проширувањето е поддржано од Велика Британија, која можноста за членство во ЕУ ја гледа како начин за гарантирање на стабилноста во регионот, борба против организираниот криминал и борба против руското влијание во Западен Балкан.

Србија одамна одбива да ја признае независноста на Косово, уште еден потенцијален кандидат за пристап во ЕУ.

Како можеме да очекуваме Србија некогаш да направи компромис за Косово ако Северна Македонија не добие ништо за возврат на решавањето на историскиот спор, рече еден извор на ЕУ.

На Макрон му одговара да заземе цврст став против проширувањето на ЕУ поради предизвикот од антиимиграциската Национална алијанса на Марин ле Пен.

Национална алијанса тесно ја победи партијата на францускиот претседател на европските избори, но Макрон по гласањето се појави како потенцијален лидер во решавањето за највисоките функции на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.