Дејан Цветановски (32) од Куманово го фати светиот крст во фонтаната на црквата „Свети Никола“ во Куманово.

Цветановски првпат го фаќа крстот, а веќе седум години скокал по крстот на големиот христијански празник Богојавление- Водици.

Денеска среќата беше на моја страна да го фатам крстот. Очекувам здравје и среќа на мене и на целото семејство – изјави Цветановски.

Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона, свет крст и други пригодни подароци.

Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.