Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, денеска изјави дека ја поддржува иницијативата на министерот за економија Крешник Бектеши кој бара олеснување за дијаспората при враќање во државава.

Дехари вели дека иницијативата на Бектеши, за укинување на 14-дневната мерка за изолација за нашите сограѓани од дијаспората треба да биде поддржана од сите.

Ваквото олеснување е можност нашите сограѓани да се вратат во својата татковина без никакви пречки. Ова позитивно ќе влијае на растот на државниот и локалниот развој на економијата. Тие се наши родители, наши браќа и сестри, тие заслужуваат повеќе од секој да имат институционален третман и олеснување, вели Дехари, објаснувајќи ја поддршката на предлогот што ќе биде испратен до Комисијата за заразни болести за да се олесни протоколот за пристигнување на печалбарите во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.