Неправда и кршење на правото е одлуката на дисциплинската комисија да ме деградира во пониско вработување каде што нема да можам да водам предмети како инспектор, е првиот коментар на просветниот инспектор Илиевски кој откри јавно како владини функцинери се стекнувале со научни звања на државниот универзитет во Тетово, пренесува Телма.

Одлуката за Илиевски ја донела дисциплиснката комисија со образложување дека тој го прекршил етичкиот кодекс, без согласнсот до директроот ја информирал јавноста за рпедмтите кои ги води, а открил и идентите на лица вмешани во предметите. Оттаму не откриваат дали имало дебата, или членови против, бидејќи гласањето е тајно.

Директорот истата ја прифати и донесе решение административниот службеник Илиевски да биде распределен во непосредно пониско работно место. Решението се доставува на домашна адреса на административниот службеник. Истото содржи и правна поука, доколку административниот службеник сака да го обжали до второстепен орган, соопштија од Државниот просветен инспекторат.

Илиевски ќе се жали,а ќе ги запознае и телата на Европската Унија за образование во земјава. Покрај Арбер Адеми, Илиевски откри дека уште двајца актуелни државни функционери исто така незаконито напредувале во наставно-научни звања на Правниот факултет при ДУТ, односно законот го прекршиле заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули.

„Бев замолен да го прикријам целиот случај“, ќе напише Илиевски во соопштентие до јавноста, бидејќи нашол кршење на законот за високо образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.