На денешното рочиште во случајот Меѓународен сојуз сведочеше Стојанка Мицевска. Таа е стрина на Бојан Јовановски која живее во семејната куќа во Тафталиџе. Таа објасни дека живееле заедно со нејзиниот сопруг, свекорот Панде и семејството Јовановски во слога.

Панде Јовановски во почетокот на седумдесеттите години бил управник на затворот во Шутка каде и Стојанка работела како службеничка. Мицевска објасни дека нејзиниот сопруг поседувал пиштол за кој имал уредна дозвола.

По смртта на свекорот таа вели дека пиштолот воопшто го немала видено. Таа вели дека таткото на Бојан, Миле Јовановски, никогаш немал афинитети за оружје.

Тврдам дека Миле никогаш немал склоност кон оружје, тој беше по спортот-рече Мицевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.