Свидетелствата на децата ќе бидат со новото име на државата Република Северна Македонија, потврди министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

„Секако дека ние имаме договор од Преспа имаше уставни промени и новото уставно име ќе се користи во секоја документација и во документацијата која се води педагошката евиденција, така што логично би било да во новите свидетелства да се истакне новото уставно име на нашата татковина“, истакна Адеми.

Според Адеми треба се да се примени од договорот од Преспа во образованието, бидејќи тоа претставува и патриотски чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.