Пред Македонија да добие вакцина против Ковид-19, министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека првично нема да се препорача вакцинирање на деца. исто така, првиот бран на вакцинирање нема да ги зафати оние коишто го прележале вирусот, за кои се смета дека имаат антитела и се доволно заштитени.

Сепак, како што истакна Филипче, тоа го вели со резерва, со оглед на тоа што постојано пристигнуваат нови информации и се прават анализи во врска со вакцините и антителата кај оние кои ја прележале болеста, така што е можно во периодот што следува да има измена во тие ставови.

Тука се поставува и едно друго прашање, дали ќе има некакви сертификати за вакцинираните. Тоа е едно прашање кое што го следиме и за кое што интензивно комуницираме со Светската здравствена организација. Можно е да се бараат при патувања, од авио компании, на граници итн. Така што, за сега овие се ставовите, но можно е да има и нови препораки – изјави Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.