Професорката Наташа Котлар јавно се огласи за случувањата околу преговорите со Бугарија во кое е засегнат македонскиот национален идентитет.

Обраќањето го пренесуваме во целост.

ДО НЕПОЗНАТОТО ДРУГАРЧЕ ОД „CЕВЕРНА“!

Значи, усул да се немало! Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации…! Но, ова значи, токму обратно, толку многу ја истакнуваат „северниве“ темава, што има нешто гнило во оваа работа…! Се прашувам, дали северново владеачко пучанство има барем основно поимање на зборот и д е н т и т е т, затоа што читајќи му ги изјавите, се чини дека се работи за намерно замајување на останато, потиснато пучанство.

Еве, да помогнам во целава ситуација! Ние Македонците, под поимот – македонски идентитет (или само идентитет) подразбираме определени својства, особини или карактеристики по кои се издвојуваме и се разликуваме како посебни од другите народи (Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Турците)! Накратко, тие карактеристики за нас се: македонскиот именски и колективен идентитет, културниот идентитет (јазик, литература, музика, уметност, фолклор), религиозениот идентитет, етничкиот и национален идентитет, односно, македонската и с т о р и с к а содржина.

Македонскиот историски и народен идентитет е присутен во низата на процеси и случувања во времето (децении и векови) и во просторот (македонски), во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата м а к е д о н с к а.

П.С. Гоце Делчев е олицетворение на македонскиот идентитет и се чествува како Македонец!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.