Во вчерашното централно издание на вестите на 1ТВ гостуваше Борче Давитковски, универзитетски професор, кој говореше за проширувањето на Владата со уште едно ново министерство.

Поради зголемувањата на бројот на министерства очигледно ни е судбина да имаме африкански влади. Во Африка имаат, тие се мераклии и имаат министер за спорт, министер за младина, министер за ова или министер за она, нагласи Давитковски.

Зборувајќи за нашата влада, Давитковски рече дека министри без ресор е стар систем кој што модерните демократии пред 40 години го напуштиле, но не и ние.

И кај нас имаме повеќе потпретседатели, а секаде низ развиените земји владата има еден потпретседател, обично министерот за надворешни работи, за финансии, за полиција зависно за која држава станува збор. Но главно имаат еден потпретседател, а ние имаме многу. Имаме потпретседатели на ранк за евроинтеграции наместо да направиме Министерство за евроинтеграции и кога ќе влеземе во Европа, да престане да постои, но ние направивме секретаријат. Па еве за Рамковен договор. Ако го донесовме сега законот и со тоа да се заокружи имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и амандманите, тогаш јас очекував тој секретаријат да се укине, а не да прерасне во министерство, појасни Давитковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.