Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата 24 анализа потенцираше дека додека нема судско решение или правосилна судска пресуда или обвинителската наредба за нечие приведување, МВР не може никого да приведе или да му ги ограничи правата на слобода. Вели дека вината за бегството е кај обвинителството.

Ако обвинителството во петокот даваше завршни зборови и не побара никакви мерки во врска со ова лице, само покажува односот на обвинителството кон овој предмет, вели Давидовиќ.

Рече дека за помали предмети се барало ефективен притвор, а сега не го побарале и не им било првпат ова да го сторат и вината ја лоцира кај обвинителството.

Во определени случаи однесувањето на обвинителите беше покриено од јавниот обвинител иако не беше законито и најмалку професионално, вели Девидовиќ.

МВР може да се обратило до обвинителството, но обвинителството е орган кој бара и е должен за постапката што ја води да ги обезбеди потребните решенија и наредби од судот за определно лице да има засилен надзор притворено или на било кој друг начин обезбедно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.