Во вечерашната емисија „Само вистина“ адвокатот Звонко Давидовиќ зборуваше за случајот „Рекет“ и истакна дека смета оти ЈО го заташкува случајот, бидејќи случајот е премногу голем за да има само тројца обвинети.

Судењето за „Рекет се одвива онака како што го подигнало обвинението, обвинителството. Судот не може сам да обвини некого. Тоа го прави обвинителството, токму тоа треба да го разберат луѓето дека обвинителството е тоа кое треба да ја спроведе истрагата, да ги обвини луѓето за судот да може да ги суди, рече Давидовиќ.

Тој тврди дека еден ден ќе треба да се поднесе отчет за овој предмет во смисла на тврдењето дека само тројца луѓе се замешани во случајот.

Овој предмет е премногу голем и ги здрма темелите на државата, не на правосудството. Вие еден Специјален јавен обвинител да го доведете до таква ситуација да заврши во притвор кажува дека нешто многу не чини во државата и при тоа самиот да одговара со уште некои две лица, рече Давидовиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.